Претседателот на Владата Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради високите цени на производите. Но, истовремено очекува преку дијалог производителите, дистрибуитерите, маркетите и потрошувачите да седнат заедно да разговараат и да го надминат сето ова коешто се случува, за да нема ескалации и да нема поголеми последици, рече Мицкоски на новинарско прашање дали се уште го поддржува бојкотот или планира да ги искористи сите инструменти кои му стојат на располагање, за да го реши проблемот?
– Јас сум еден од потрошувачите и да понекогаш сум револтиран кога плаќам исти производи по повисока цена од тие цени коишто се во соседството и ве молам и тоа го зборував и во Парламент на пратенички прашања ова е дел од проблемот имаме и други проблеми, какошто се друг тип на трговци, со друг тип на производи, какошто се лекови, бела техника итн., коишто продаваат производи ако се споредат со тие од околината се некогаш два до трипати поскапи – изјави Мицкоски.
Забележа дека тоа е невозможно да е последица на лоша зделка или последица на некои царински давачки или на нешто друго.
– Прашањето е колку е доста има ли доста, некој ќе рече знаете Христијан маркетот, односно пазарот ја одредува цената, да но некои економски оператори својата пазарана улога ја злоупотребуваат и затоа мислам дека во еден дијалог се може да се надмине – рече Мицкоски.