Премиерот ќе бара поголема заложба на ЕУ за македонските евроинтеграции

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, тргнува во речиси целонеделна дипломатска офанзива во Минхен, Германија, и во Вашингтон, САД.

Во Минхен од утре, па во наредните три дена, ќе се одржува Минхенската безбедносна конференција каде се собираат политичките лидери од светот во пресрет на актуелните прашања поврзани со украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со ЕУ.

Голем дел од дискусијата што водеше до конференцијата беше за тоа дали пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, ќе го претстави својот долгоочекуван мировен план во главниот град на германската покраина Баварија.

Премиерот Мицкоски ќе предводи владина делегација која ќе учествува на минхенската конференција при што ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западем Балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитика, енергетска сигурност и за улогата во промените на глобално ниво.

Воедно се очекуваат и повеќе билатерални средби со преставници на ЕУ и негови колеги од регионот.

Оваа прилика ќе биде искористена за преставување на македонските напори на патот кон ЕУ и потребата Унијата повеќе да се заложи за македонските интеграции и уважување на досегашните напори.

По завршувањето на конференцијата Мицкоски ќе отпатува за Вашингтон каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на Американската Конзервативна Партија, поточно ЦПАЦ што е најголем собир на конзервативците. Таму се очекува и негово обраќање, а претходно таму свој настап имале аргетинскиот претседател, премиерката на Италија и унгарскиот премиер.

Share This Article