Background

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за 2 денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за 2 денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар. Во изјава за медиумите, Мицкоски денеска рече дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат.

– Многу внимателно ја следиме состојата со цената на нафтата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу 2 денари намалување на цената на бензините и иста цена или за половина денар повисока цена на дизелот, така што намалувањето на ДДВ-то директно имплицира позитивен ефект – рече Мицкоски.

Toj вели дека доколку има потреба ќе биде продолжена мерката со намаленото ДДВ за уште две недели или евентуално ќе се оди со нова мерка со акцизите.

- Advertisement -
Ad image

Според Мицкоски, не се бележи намалување во користењето на гориво, а потрошувачката во пограничните делови од државата е зголемена, односно како што посочи, конзумот сега е поголем и изнесува околу 200.000 литри дневно.

– Сега за сега состојбата е стабилна и нема потреба од рестрикции. Намалувањето на ДДВ-то ја намали цената на горивата – рече Мицкоски.

Во врска со коментарите од опозициската СДСМ за падот на индустриското производство, Мицкоски рече дека е точно дека има намалување, но вели тоа се должи на блокадата на транспортерите.

– СДСМ го изгуби кредибилитетот многу одамна така што ги молам граѓаните и вас медиумите со доза на внимателност да ги следиме пораките што доаѓаат оттаму, бидејќи имаат за цел да нè наведат на погрешна патека. Зборуваа дека 2025 година ќе банкнотираме и дека државата е пред колапс, а ние сме меѓу првите 5 според растот на економијата во Европа. Точно е дека имаме мал пад на индустриското производство поради протестот на камионџиите, но тоа сè ќе се надополни во месеците што следат, така што се чудам зошто не го коментираа растот во туризмот, градежништвото… Секаде имаме раст, само тука мал пад – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation