Премиерот Христијан Мицкоски очекува царините од САД за Македонија да паднат и под 15%

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски очекува царините од САД за Македонија да паднат и под 15%, зашто, како што рече, преговорите за намалување на царините продолжуват во втората половина од август по летните распусти.

– Од она што го видовте од кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор бидејќи тој кажа до 1 август ќе ги објави новите царински, односно трговски маржи, така да ги наречам. Од 33% тие за нас се намалени на 15%. Преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш после годишните одмори кои што ќе ги користат и администрацијата во кабинетот на претседателот и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерството и институците, очекувам во втората половина на август да продолжиме со преговорите. Очекувам да одиме уште подолу – изјави премиерот Мицкоски кој денеска беше во посета на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.

– Ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подолу. Еве да речеме од земјите во соседството Србија има 35 проценти, БиХ 30 проценти, додека Швајцарија 39 проценти. Ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ итн… – рече Мицкоски.

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти.

Share This Article