Предупредување за грмежи и засилен ветер, температурите паѓаат од вторник

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, земјава ја очекува променливо и дождливо време во текот на викендот. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во недела најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во понеделник претпладне дождот ќе се прошири на целата територија.

„Врнежите повремено ќе бидат пообилни и поројни, со услови за појава на грмежи и засилен ветер“, соопштија од УХМР.

Најинтензивни процеси се очекуваат во текот на ноќта кон понеделник, особено во западните делови од државата, каде што локално може да наврнат повеќе од 30 литри дожд на метар квадратен.

Од вторник синоптичарите најавуваат опаѓање на температурите, со што ќе настапи постуден и посвеж период.

Во Скопје, во недела попладне, а особено во текот на ноќта и во понеделник претпладне, ќе има врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во делови од котлината времето ќе биде нестабилно, со појава на пороен дожд.

Share This Article