Background

Предности, ризици и искуства од раѓањето во домашни услови

Откако пред околу еден месец, доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил напиша дека има информација дека акушерка од соседна држава доаѓа и пораѓа трудници во домашни услови во Скопје и ги предупреди идните мајки да не си играат со својот и со животот на своите неродени деца, оваа тема беше актуелизирана на женските форуми од скопјанка која напиша дека своето второ дете го донела на свет во домашни услови и дека ова било прекрасно искуство.

„Многу жени се пораѓаат дома тука кај нас во Македонија иако и јас не знаев. Инаку, да, раѓаш дома и после си одиш во болница на преглед за да се пријави легално детето. Зборев и со адвокат, ние жените не сме робови на системот и имаме право да се породиме каде сакаме. Нормално, ако е сè во ред со мајката и со целосната бременост“, напиша таа.

По ова жените развија дискусија и повеќето беа против породувањето дома, но истовремено беа и сомничави кон жената која ја отпочна темата, па ја обвинија дека е на форумот „само за да врбува жени за породување во домашни услови“, а во интерес на споменатата бабица која наводно доаѓа од соседна држава.

- Advertisement -
Ad image

Дали е ова точно или не, сè уште не успеавме да утврдиме, но знаеме дека домашното породување во светот е одамна веќе право на избор. Во случајов за кој предупреди доктор Лазаров, веројатно е спорно тоа што бабицата доаѓа од соседна држава (жените на форумот претпоставуваат дека станува збор за бабица од Косово) и тоа што таа, веројатно, нема лиценца за ова.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation