Background

„Предлогот на обвинителката за поблага казна не е задолжителен за Апелација“

Државниот обвинител Љупчо Коцевски го побарал предметот од гостиварското вишо обвинителство за да го разгледа во детали текот на постапката против Менсур Пајазити кој смртно ја прегази Теодора Ристовска во Тетово, објави Телма.

Според објавените пресуди обвинителството не се жалело на првичната триипол годишна казна која ја досудила сега пензионираната судијка Верка Костовска. Потоа вишата обвинителка Вјолца Елмази се премислила па на седницата во апелација во март лани го променила писмениот став и барањето да се одбие жалбата на Пајазити го сменила со предлог да му се изрече поблага кривична санкција. Од обвинителството велат одмерувањето на казната е во надлежност на судот.

„Пред Апелацискиот суд, јавната обвинителка од ВЈО Гостивар на рочиште дала свој предлог во однос на попрецизно одмерување на казната, имајќи ја предвид пред се околноста дека обвинетиот непосредно пред завршување на првостепената постапка признал вина, како и претходната пракса во слични предмети. Меѓутоа, предлогот на обвинителката не е задолжителен за тричлениот совет од судии во Апелацискиот суд. Тој предлог во ниту еден момент не се однесувал на намалување на казната за речиси половина од првостепената пресуда, како што досуди Апелација во својата одлука. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија веќе даде насоки и ќе го прибави предметот од Вишото јавно обвинителство Гостивар за да го разгледа во детали текот на постапката“, информира Јавно обвинителство.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителството уште го чека писменото образложение на пресудата, а Судскиот совет оцени дека гостиварска апелација може да одлучи само во корист на обвинетиот или да ја потврди првостепената пресуда од две години затвор, а не и да ја зголеми.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation