Предизборен молк пред утрешниот втор круг на локалните избори

Saso
By Saso
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СКОПЈЕ – На полноќ започна предизборниот молк пред вториот круг на локалните избори кој ќе се одржи утре, 2 ноември. Ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Град Скопје, но изборниот молк важи за целата земја.

Правилата за изборен молк важат од 1 ноември, заклучно со 19:00 часот на 2 ноември. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Во вториот изборен круг за градоначалник се гласа во главниот град и во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.

Во главниот град, во општините Центар, Аеродром и Карпош ќе има две ливчиња за гласање бидејќи се избира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа за градоначалници и ќе има прегласување и за советници.

Во вториот круг од локалните избори право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Утре гласањето ќе почне во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот.

Денес треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии, како и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.

Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.

На денот на изборите, за идентификација на избирачите освен лична карта или пасош ќе се користат и апарати за биометриска идентификација.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

- Advertisement -
Ad image

С.Д.

Share This Article