Пред нас се најтоплите денови ова лето, заладување од недела

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Утре (петок) и сабота граѓаните низ целата држава ќе се соочат со вистински топлотен бран, со екстремно високи температури кои на некои места ќе достигнат и до 43 степени Целзиусови, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Највисоки температури се очекуваат во Гевгелија и во Скопје, каде жештината ќе го достигне својот врв. Во главниот град времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен северозападен ветер. Утринските температури во Скопје ќе изнесуваат околу 21 степен, а дневната максимална ќе се искачи до 43°C.

Во петок минималните утрински температури ќе се движат од 14°C во Берово до 23°C во Гевгелија, додека максималните дневни ќе варираат од 35°C во Маврово до 43°C во Гевгелија и во Скопје.

Во сабота, времето останува сончево и пеколно, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите и понатаму ќе се движат меѓу 36°C и 43°C.

Од недела, според најавите на УХМР, следува променливо време со пад на температурите и зголемени услови за локална нестабилност, пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот и ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер кој ќе донесе освежување по пеколните денови.

Share This Article