Во периодот од 18 до 21 април 2025 година, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи изрекле вкупно 2.252 платни налози за прекршоци сторени од учесници во сообраќајот. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, станува збор за дел од континуираните сообраќајни контроли кои редовно се спроведуваат низ целата територија на земјава.
Најголем дел од санкциите се однесуваат на прекршувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Така, 1.018 возачи се фатени како управуваат возило со брзина поголема од дозволената, а дури 254 лица биле затекнати зад волан без да поседуваат возачка дозвола.
Регистрирани се и 308 прекршоци поради неправилно паркирање, како и 105 случаи каде возачите или совозачите не користеле сигурносен појас. Санкционирани се и 25 мотоциклисти кои не носеле заштитна кацига, а полицијата изрекла и 46 казни за користење мобилен телефон при возење. Алкохолизирани возачи се отстранети од сообраќај во 66 случаи, додека 21 лице поминале на црвено светло на семафор.
Контролите опфатиле и прекршоци согласно Законот за возила, при што биле отстранети од сообраќај 60 возила – 13 поради техничка неисправност, а 47 поради неважечка сообраќајна дозвола.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
„Контролите продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите граѓани да придонесат за побезбедни патишта преку одговорно учество во сообраќајот“, велат од полицијата.
Tagged as:
254 фатени без дозвола 66 пијани возачи Празничен хаос на патиштата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
