Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, пренесува Литургија.мк.
На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. Молитвено присуствуваше и Митрополитот Американско-канадски г. Методиј.
Во текот на литургијата, Митрополитот Тихон за првпат го спомна Архиепископот Стефан во диптихот на поглаварите на православните цркви – со што и литургиски беше потврдено признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Православната Црква во Америка.
На овој настан присуствуваа бројни македонски свештеници и верници од САД и Канада.
По светата литургија беше приреден свечен прием во македонската амбасада во Вашингтон и средба со амбасадорот Зоран Попов.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан по неколкудневниот престој во САД на покана од Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, по повод одбележувањето на 60 годишнината од осветувањето на храмовите во црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ во Колумбос, Охајо, ќе замине за Канада каде што ќе присусутвува на чествувањата по повод јубилејот на црковната општина „Свети Климент“ во Торонто, Онтарио.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
