Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ денеска го донесоа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ денеска го донесоа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов од собраниската говорница порача дека е горд како млад пратеник што секој студент до 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред, посочувајќи дека младите се во фокусот на оваа Влада.

– Констатирам дека кога ВМРО-ДПМНЕ е во прашање и младите во Република Македонија зборот е збор и затоа денес сум горд што сум овластен предлагач на Законот за вредносни ваучери со кој секој студент запишан на додипломски студии до 29 години од септември ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за да набави електронско помагало во форма на лаптоп, таблет или персонален компјутер – рече Попов.

Даниела Николова од СДСМ ги поздрави мерките што го унапредуваат студентскиот стандард, посочувајќи дека ќе го поддржат законското решение, но ја критикуваше власта дека дури по една година се сетила на младите.

– Меѓутоа велите се враќа довербата, сега повеќе се размислувало за младите, но знаете дека тоа не е така, ова е прва мерка што ја предлага Владата во цела оваа година што се однесува на младите – рече Николова.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески истакна дека за оваа намена од државниот Буџет издвоени се 850 милиони денари со кои ќе бидат опфатени 55.000 студенти.

Јаулески посочи дека секој студент до 29 години запишан во учебната 2025-2026 година ќе добие по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

Според него, целта на овој закон е дигитална писменост, еднаков пристап за сите студенти до електронски уред и развивање на технолошката писменост, посочувајќи ги и другите мерки кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за младите.

Во рамки на 60-та седница пратениците ги донесоа следниве закони – Закон за изменување на Законот за стоковните резерви, Законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и Законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.

- Advertisement -
Ad image

Пратениците во рамки на продолжението на 62-та седница го донесоа и Законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво.

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски информира дека седницата по преостанатата точка за испрќање на припадници на Армијата во мисијата на УНИФИЛ дополнително ќе биде закажана.

Share This Article