Поради работите кои владата на СДСМ ги прифати, сега преговорите со ЕУ нема да изгледаат како преговори за затворање кластери туку како преговори за историски настани, битки и револуционери, рече Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија 24, каде говореше на темата за европската интеграција на земјава.
– Во оваа моментална ситуација со овие моментални работи, коишто СДСМ во претходната влада ги прифати, нашите преговори нема да изгледаат како преговори од област во област или од кластер во кластер, туку ќе изгледаат како преговори од историски настан до историски настан, од битка до битка, од револуционер до револуционер, каде што нашите историчари во име на нашите евроинтеграции ќе треба да капитулираат и да прифаќаат ретуширање на македонската историја – вели пратеникот Попов.
Попов истакна дека доколку се започнат преговорите ќе завршат на првата идентитетска одлика на македонскиот народ, а како што вели тој, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека за да се случи нешто на патот кон ЕУ мора да има предвидливост за истото.
– Да бидеме јасни, вечерва да се усвојат уставните измени, преговорите нема да завршат никаде, односно ќе завршат на првата битка, на првиот револуционер или на првата идентитетска одлика на македонскиот народ со којшто бугарските политичари или бугарските историчари не се согласуваат. ,Затоа ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пред изборите, а и сега, е дека уставни измени може да има само кога ќе имаме предвидливост што ќе следи по уставните измени. Ние не можеме да си дозволиме да бидеме во тој процес вечно, вечно да се обезличуваме и да се плакнеме национално без да знаеме каде ќе стигнеме – рече Попов.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
