Пратеничката група на Европскиот фронт бара интерпелација на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пратеничката група на Европскиот фронт бара интерпелација на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Пратеничка од Европскиот фронт вчера до претседателот на Собранието Африм Гаши го поднела предлогот за интерпелација.

Пратеникот Илир Хасани денеска на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците.

– Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд, за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа, туку има социјално и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирање на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони – рече пратеникот Хасани.

Од Уставниот суд велат дека претседателот Дарко Костадиновски останува на ставот дека нема да коментира политички изјави и постапки.

Според пратеникот Хасани, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик и го праша претседателот на Судот, што има против албанскиот јазик.

– Во причините за интерпелацијата може да споменеме интервју што е дадено за новинарската агенција МИА во август 2024 година, каде што вели, цитирам „политиката што ја создаде тој закон создаде еден вид правен хаос што резултираше со политички хаос, недоверба и дилема. Факт е дека законот се спроведува и дека создава проблеми со неговата имплементација“. Оваа изјава покренува неколку прашања: Врз основа на кој член од Уставот или кокретен закон претседателот на Уставен суд смее да карактеризира закон како извор на политички и правен хаос? Дали е во надлежност на претседател на Уставен суд да утврди проблеми во спроведување на законот и да предвиди законодавна интервенција? Ваквите изјави ги намалуваат рамките на надлежностите дефинирани со закон и создава серија сомнежи за непристрасноста на претседателот на Судот во случаи што уште се во фаза за разгледување – рече Хасани.

Пратеникот се повика и на други медиумски објави. Рече дека на новинарско прашање зошто  натписот зад говорницата на Уставниот суд е напишан само на македонски јазик, Костадиновски одговорил дека тоа се случува само поради носење на лоши закони и навел дека Законот за употреба на јазиците не го вклучува Уставниот суд.

– Оваа изјава е навредлива и изразува предрасуда за закон што е донесен од Собранието и се спроведува. Исто така ги прекршува одредбите од член 101 од Законот за Уставниот суд со кој се забранува јавно изразување став за случаи што се предмет на разгледување во Судот – рече Хасани.

Пратеникот вели и дека Костадиновски во барањето до Венециската комисија за мислење за законот го употребил терминот „малцинство“.

- Advertisement -
Ad image

Интерпелацијата, според пратеникот не е со цел тој да се разреши од функцијата, туку да има политичко влијание и Костадовски да одговори на нивните обвинувања, особено што наскоро треба да се одржи седницата на Уставниот суд во врска со законот за употребата на албанскиот јазик. Хасани вели дека очекува од Костадиновски да присуствува на пленарната седница на која ќе се расправа за интерпелацијата.

Од Уставниот суд во врска со оваа иницијатива посочија дека веќе имаат соопштен официјален став за можноста за интерпелација на уставен судија. Во тој став е наведено дека Устав не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт.

„Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, не подлежи на начелото на поделба на власта. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки акти и дејствија. Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција. Уставот не му дозволува на Собранието со законски решенија на кој било начин да влијае на надлежностите, начинот на избор и престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии“, се вели во ставот на Судот, кој беше соопштен во март 2025 година.

- Advertisement -
Ad image

Институтот „интерпелација“ предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии, се додава во мислењето од Уставниот суд.

„Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд. Основите за престанок на функцијата уставен судија се предвидени во членот 111 од Уставот. Секоја постапка или дејствие преземено надвор од оваа уставна одредба би претставувало грубо кршење на Уставот, повреда на уставните гаранции за самостојноста и независноста на Уставниот суд. Уставниот суд укажува, до сите државни органи, дека се должни да се придржуваат на, со Устав утврдените надлежности, бидејќи никој нема повеќе права од оние коишто Уставот му ги доделува. Секој е должен да ја унапредува уставната, правната и политичата култура како основи на едно демкратско општество. Секој е должен да го почитува Уставот“, се вели во официјалниот став на Уставниот суд за можноста за интерпелација на уставен судија.

Share This Article