Денеска во Истанбул се водат преговори меѓу Русија и Америка. За разлика од првата рунда преговори во Ријад, овојпат практично ништо не се знае, освен локацијата на која се водат преговорите. Главна тема на разговор ќе бидат амбасадите, а Вашингтон и Москва официјално не открија кои дипломати се во тимовите.
Руската државна телевизија јавува дека преговорите ќе траат пет до шест часа. Руските медиуми велат дека средбата се одржува во американскиот конзулат во Истанбул. Си-Ен-Ен цитираше извори од Стејт департментот кои велат дека Украина, политичките и безбедносните прашања нема да бидат дел од состанокот. Според агенцијата ТАСС преговорите веќе започнале.
Дарчиев е фаворите за руски амбасадор во САД
Дека средбата ќе се одржи денеска зад затворени врати поврди турското Министерство за надворешни работи.
– Како што постојано повторивме, Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка на мировните напори, вклучително и домаќинство на понатамошни разговори – рече портпаролот на Министерството.
Кој би можел да биде руски амбасадор во САД ако профункционираат дипломатските врски Вашингтон-Москва? Фаворите е Александар Дарчиев, шеф на Северноамериканскиот оддел во Министерството за надворешни работи. Тој го предводи рускиот тим, додека делегацијата на САД ја предводи заменик-помошникот државен секретар Соната Култер.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не треба да се брза со исходот од средбата меѓу руските и американските претставници во Истанбул, туку дека јавноста треба да почека додека состанокот не заврши.
– Во Ријад има фундаментални договори за ова прашање. Сега, навистина, на експертско ниво, денеска има состанок во Истанбул, нашите дипломати работат на развивање на разбирањето што беше постигнато за време на телефонскиот разговор на претседателот и договорите што беа постигнати во Ријад меѓу делегациите на високо ниво. Сè уште нема потреба од брзање, информациите за резултатите од преговорите ќе бидат обезбедени вака или онака – изјави Песков за медиумите.
Двете амбасади ќе профункционираат?
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека тема на средбата во Истанбул ќе биде нормализирање на работата на амбасадите на двете земји.
– Нашите високи дипломати и експерти ќе се сретнат и ќе ги испитаат сите системски проблеми што се акумулираа како резултат на незаконските активности на претходната администрација за создавање вештачки пречки за работата на руската амбасада. Ние, се разбира, одговоривме на тоа и создадовме непријатни услови за работа на американската амбасада – рече Лавров.
Можат да заборават на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека украинскиот лидер Володимир Зеленски во петок ќе ја посети Белата куќа за да потпише договор за минерали од ретки земји. Сепак, иако Зеленски истакна дека ќе инсистира на безбедносни гаранции за Украина, Трамп вели – ништо за членството на Украина во НАТО.
– Можат да заборават на НАТО. Мислам дека веројатно затоа започна целата работа – рече Трамп, мислејќи на руската окупација на Украина.
Зеленски претходно го критикуваше Трамп дека не го поканил на руско-американската средба во Ријад во Саудиска Арабија. Трамп потоа го нарече Зеленски „диктатор без избори“.