Познатиот српски кошаркар Никола Јокиќ со расекотина на телото го заврши дебрито со Бостон Селтикс. Социјалните мрежи вријат од коментари за мечот.
„Тато, како е да го гледаш Јокиќ да игра?“, гласи една објава на која се покажани раните на Јокиќ.
Гребнатинката му ја зададе Крис Браун и на снимките може да се види за кратко мечот продолжува откако му беше избришана крвта. Ова не го спречи познатиот ас да постигне 20 поени, 14 скока, а му фалеше само една асистенција да го продолжи трендот на „трипл-дабл“.
Јокиќ не можеше сè да направи сам за својот тим, па Денвер Нагетс загубија со 103-110.
Дуелот со Болтон Селтикс беше вистинска борба за Јокиќ. На почетокот на мечот во „ТД Гарден“ во Бостон, на потфралње на топката, тој лошо доскокна и го повреди зглобот. Неколку минути играше кривејќи на таа нога но набрзо ја погоди првата тројка и во првиот период постигна седум поени.
Српскиот кошаркар и оваа сезона останува фавотир за наградата МВП за највреден играч на НБА.