Ѕвездата на хит серијата „Smallville“, која се емитуваше од 2001 до 2011 година, Том Велинг, е уапсен поради возење во пијана состојба во Калифорнија.
Велинг, кој го играше Кларк Кент, или Супермен, во споменатата серија, имал алкохол во крвта над дозволената граница кога бил запрен од полицијата, поради што бил уапсен. Од понеделникот, кога се случило апсењето, актерот пуштен на слобода, но фотографијата од него направена во полициска станица брзо предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а многумина истакнаа дека актерот повеќе не личи на себе, коментирајќи дека „Супермен пропаднал“.
„Тоа е Том Велинг, човеку, но како остарел!“, гласел еден коментар.
„Супермен изгледа ужасно“, додал друг, а во негова одбрана се огласиле и корисниците кои додале дека „остареле заедно со него“. Меѓу коментарите имало и некои духовити кои напишале дека тој „спасил толку животи во серијата, што не требало да го уапсат, туку да му се заблагодарат“.