Познатата хрватска пејачка Јелена Розга наводно пред повеќе од една година ја обновила љубовната врска со 11 години помладиот Иван Хуљиќ, пишува српски „Блиц“.
Иван е син на познатиот хрватски музичар Тончи Хуљиќ, а Јелена досега во неколку наврати зборуваше дека има момче, не сакајќи да го открие неговиот идентитет.
– Повеќе не сум соло танчарка – изјави Јелена летово.
Таа неодамна го спомна своето момче, нагласувајќи дека многу ѝ значи што е внимателен.
– Тој беше овде вечерва и на вториот концерт. Ме бакна и ме прегрна пред концертот и ми посака среќа, љубовта е најважна – рекла тогаш Јелена.
Тончи, инаку, неодамна за „Блиц“ ги коментирал гласините дека неговиот син повторно е во љубов со Јелена.
– Не сакам да влегувам во креветот на мојот син. Поддржувам ако тоа е нивна среќа, ако не е вистина никому ништо – рекол Тончи за „Блиц“.
Иако се трудеше својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, познато е дека хрватските медиуми пред десетина години пишуваа дека Јелена и Иван биле повеќе од пријатели, но нивната романса тогаш завршила поради големата разлика во годините.
Дека емоциите меѓу нив двајца не згаснале и по повеќе од една деценија, доказ е тоа што на љубовта ѝ дадоа втора шанса и се повљубени од кога било.
Иван ѝ бил поддршка на Јелена за време на нејзините неодамнешни концерти во Сава центар во Белград, а според српските медиуми и двете семејства се воодушевени од нивната врска.