Background

Позитивната листа на лекови во 2026 година ќе биде проширена во три наврати, при што фокусот ќе биде ставен на лековите за кардиоваскуларни заболувања

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Позитивната листа на лекови во 2026 година ќе биде проширена во три наврати, при што фокусот ќе биде ставен на лековите за кардиоваскуларни заболувања. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, нагласувајќи дека според нивните анализи, кардиоваскуларните заболувања се сериозно потценети, иако токму од нив произлегува највисоката смртност.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на проширувањето на позитивната листа, Клековски им се извини на граѓаните затоа што, и покрај најавите дека лекот против згрутчување на крвта „еноксапарин“, еден од двата препарата популарно познати како „клексан“, ќе биде достапен пред Нова година, тоа сепак нема да се случи. Како што појасни, одложувањето е поради технички причини, поради што во јануари во аптеките истовремено ќе бидат достапни и „еноксапарин“ и „надропарин“.

– Сакам да им се извинам на граѓаните. Најавивме дека два антикоагуланса ќе бидат додадени на позитивната листа овој месец, но поради технички проблеми тоа се одложува за јануари 2026 година. Нема да има последици за оние кои ги користат овие лекови во меѓувреме – средствата ќе им бидат рефундирани сè додека не бидат официјално ставени на позитивната листа. Потоа планираме да воведеме и таблетарен антикоагулант, со што овој сегмент ќе го осовремениме како што доликува на нашата земја. Тоа го очекувам во првите четири месеци од 2026 година. Комисијата за позитивната листа веќе има одобрено низа лекови, но сакаме да ги согледаме и финансиските можности и воведувањето да биде постепено во текот на годината – изјави Клековски.

Тој потсети дека во изминатите 15 години на позитивната листа бил додаден само еден лек, додека во последните 15 месеци биле вклучени 13 нови лекови. Тоа, како што рече, довело до зголемување на буџетот за позитивната листа за околу пет милиони евра, иако конечните бројки сè уште не се утврдени, бидејќи годината не е завршена.

– Нашата цел е да ја зајакнеме контролата врз позитивната листа, за да можеме да преговараме за цените и да ги заштитиме осигурениците од дополнителни доплати, и во тој правец ќе продолжиме и понатаму – додаде Клековски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation