Пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја, во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја, во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот, ги објавија денеска турските медиуми резултатите од истрагата.

Според наодите од истрагата, пожарот настанал со прскање на врелото масло на скарата при приготвувањето на оброкот, а пожарот се проширил поради погрешна интервенција на персоналот во кујната кој не користел противпожарен апарат, туку вода, јавува турскиот портал Тренд

Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот во кујната, а потоа и на горните катови на хотелот.

Утврдено е дека вработените во кујната реагирале панично и исплашено ја напуштиле кујната, а гостите на хотелот не можеле да бидат информирани за пожарот бидејќи не работел протипожарниот аларм.

Share This Article