Background

Пожарната заштита во градот е катастрофална, жителите алармираат

Во Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани уште од 2012 година не е пополнето работното место за инспектор за заштита од пожари, откако претходниот заминал во пензија во март истата година.

Според официјално достапните податоци од Дирекцијата, испразнети се половина од предвидените работни места за инспектори во државата, односно во моментов ангажирани се само петнаесетина, од кои најголем дел во Скопје.

Пред да преминат во ДЗС, инспекторите за заштита од пожари и елементарни непогоди биле под надлежност на Министерството за внатрешни работи и во тој период биле вработени вкупно 63 во сите општини. Од нив во Дирекцијата биле префрлени 35 и бројот постепено се намалувал, главно поради заминување во пензија, а испразнетите работни места не биле пополнувани.

- Advertisement -
Ad image

– Трагичниот пожар во дискотеката во Кочани е потврда дека проблемот со превенцијата и заштитата е долгогодишен, а системот нефункционален. Недостигот од соодветен инспектор можеби не е клучен за да се спречи несреќата, но веројатно можел да има влијание во превентивата. Сметам дека недостига и најосновна едукација и запознавање на населението со причините и начинот на заштита и дејствување при пожар – истакна Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво од Кочани.

Стручните лица за заштита од пожари и други елементарни непогоди бараат Владата да ги обезбеди потребните средства за да се пополнат предвидените инспекторски места. Исто така, во наредниот период на ниво на држава да се организира соодветна едукација за најмладите од предучилишна до средношколска возраст за превенција и заштита од пожари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation