Повредена планинарка од Струга, хеликоптер лета кон неа

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голема спасувачка акција се одвиваше утрово на планината Јабланица, откако жена од Струга се здобила со сериозна повреда на скочниот зглоб на непристапен терен.

Како што информираат од Црвен крст Охрид, алармот за интервенција бил добиен рано наутро, а веднаш биле мобилизирани и екипи на Планинската спасителна служба.

„Станува збор за женска особа од Струга која се здобила со сериозна повреда на скочниот зглоб. Поради тешкиот терен и оддалеченоста од најблискиот пристапен пат, ПСС побара воздухопловна асистенција преку Центарот за управување со кризи (ЦУК)“, информираат од Црвениот крст.

Во исто време, шестчлен тим со теренско возило се упатил пеш кон повредената, во случај да нема можност за интервенција од воздух. Но, само неколку часа подоцна, добиена е потврда дека хеликоптер на МВР е веќе на пат кон планината, во соработка со припадници на Специјалната Антитерористичка Единица.

„За среќа, полетал хеликоптерот на МВР кој се движи кон местото на настанот. Со тоа, пешачкиот тим се повлекува од теренот“, додаваат од Црвениот крст.

Share This Article