ПОВИСОКИ МАРТОВСКИ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ И ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта, беше тема на разговор на денешната работна средба во просториите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) меѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК Јаким Неделков.

За голем број од точките за кои се преговара, како што истакна министерката, веќе се усогласени ставовите, останува дополнително да се доусогласат и останатите точки, како што се покачувања за дел од класното раководство, плаќање надоместок за пат на одредени наставници кои работат подалеку од училиштето, како и за некои други погодности кои ќе ги имаат членовите на СОНК.

– Денешниов состанок е еден од бројните кои ги одржувам со нашиот социјален партнер со цел подобрување на правата и можностите на вработените во основните и средните училишта. Низ тој континуиран процес со бројни разговори и преговори постигнуваме одредени заеднички ставови кои мислам дека ќе ги досредиме во иднина и ќе дојдеме до конечното решение за потпишување на новиот колективен договор – изјави министерката Јаневска пред почетокот на средбата и посочи дека е убедена оти релативно брзо ќе биде потпишан колективниот договор.

Министерката потврди дека мартовската плата на вработените во основните и средните училишта, која ќе се исплати во април, ќе биде покачена за седум проценти како што беше претходно договорено. Претходно во текот на минатата година имаа зголемување од пет проценти.

– Ова е второ покачување на платата и е во согласност со инфлацијата. Сметаме дека тоа е важно зашто платата на наставниците реално ќе се покачува за да ги покриваат непредвидените трошоци. Со овој договор обезбедуваме и континуитет на покачување на платите на наставниците и другите вработени во основните и средните училишта кои ќе се одвиваат во следните четири години – прецизира Јаневска.

Претседателот на СОНК потврди дека се во завршна фаза на преговори за колективните договор за основно и средно образование.

-Тоа се колективни договори кои не се обновени од 2008 година што само по себе укажува дека се комплексни и дека се многу важни за нашите членови и за вработените во основното и средното образование. Токму затоа бараат многу сериозен пристап за носење на нивните финални решенија – рече Неделков.

Како синдикат, додаде, со новиот колективен договор очекуваме многу повеќе привилегии за нашите членови кои не се опфатени со соодветен закон или некој друг колективен договор.

– Во новиот колективен договор се бараат зголемени права за нашите членови во однос на актуелни закони и колективни договори. Сè уште сме во фаза на завршни преговори, се работи најчесто за финансиски побарувања и права од финансиски карактер за кои сметам дека брзо ќе се договориме и ќе се потпишат колективните договори – посочи Неделковски.

- Advertisement -
Ad image

Нагласи дека присуството на министерката Јаневска на работната средба покажува дека многу се посветува внимание на квалитетен текст на колективниот договор.

– Таргетот беше до денеска да ги потпишеме колективните договори, но заради обемноста на материјалните и заради немање закон за наставници и стручни соработници кои се битни за склучување на договорите ќе имаме мало доцнење. Тоа нема ништо да значи во негативна конотација за вработените во образованието и за нашите членови. Се работи за доцнење од две или три недели – рече Неделковски.

Share This Article