Background

Повеќето Данци против продажбата на Гренланд, речиси половина ги гледаат САД како закана

Речиси половина од Данците веруваат дека САД се значајна закана за нивната земја, а огромното мнозинство се против Гренланд да стане дел од САД, покажува анкетата.

78 отсто од анкетираните се против продажбата на Гренланд на САД, но 72 отсто рекле дека конечната одлука за тоа треба да ја донесе Гренланд, а не Данска.

Дански пратеник: Гренланд треба да размисли за влез во ЕУ

- Advertisement -
Ad image

Истражувањето на YouGov беше спроведено од 15-ти до 20-ти јануари, а во него учествуваа нешто повеќе од 1.000 луѓе.

Резултатите покажуваат дека 46 отсто од испитаниците веруваат дека САД се или „многу голема закана“ или „прилично голема закана“ за Данска.

Ова е поголем процент од оние кои сметаат дека Северна Кореја или Иран се закана (44 проценти и 40 проценти), додека Русија ја сметаат за најголема закана (86 проценти).

Анкетата објавена од Гардијан дојде во време на повеќенеделни тензии меѓу Данска, Гренланд и САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да ја преземе контролата врз островот, автономна територија со 57.000 жители под данска сувереност.

Трамп рече дека контролата на Гренланд, како и Панамскиот канал, е потребна за национална и економска безбедност и е „апсолутно неопходна“.

По изјавите на Трамп, данската премиерка Мете Фредриксен ги посети Берлин, Париз и Брисел, каде што разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, во обид да добие поддршка од европските партнери.

Фредериксен рече дека, соочена со променетите односи со Вашингтон, Европа мора да се обедини и дека „сите во Европа гледаат дека соработката со САД сега ќе биде поинаква“.

Данска, исто така, најави дека ќе инвестира две милијарди долари за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот.

Гренланд, најголемиот остров во светот, има стратешки важна локација на Арктикот, а поради богатството со нафта, гас и ретки земји потребни за зелена технологија, привлекува интерес од целиот свет, вклучително и Кина.

Според една неодамнешна анкета на јавното мислење, осум отсто од Гренландците не сакаат нивниот остров да стане дел од САД, а само шест отсто рекле дека би сакале, додека девет отсто се неодлучни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation