Background

Повеќе земји членки на ЕУ не се согласуваат со идејата на Европската комисија за обезбедување средства за следниот повеќегодишен буџет на блокот преку предлозите за корпоративни даноци и акцизи на тутунот

Повеќе земји членки на ЕУ не се согласуваат со идејата на Европската комисија за обезбедување средства за следниот повеќегодишен буџет на блокот преку предлозите за корпоративни даноци и акцизи на тутунот, посочуваат дипломатски извори.

Новата Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, вредна 2.000 милијарди евра, има за цел зајакнување на конкурентноста и одбраната на блокот, при што се води сметка да не бидат ускратени средствата за земјоделците и за регионалниот развој, за што вообичаено одат околу две третини од буџетите на Унијата.

Меѓутоа, дел од членките на ЕУ кои се соочуваат со висок буџетски дефицит се противат на изнаоѓањето нови извори на приходи за европскиот буџет, на нивни дополнителен товар. Тоа, според дипломатски извори, пред се, се однесува на приходите од корпоративните даноци и акцизите на тутунски производи, од кои според предложената буџетска рамка би требало да се обезбедат 122 милијарди евра.

- Advertisement -
Ad image

Девет членки на ЕУ, меѓу кои и Германија, се против корпоративен данок од 0,1%, сметајќи дека тој би резултирал со нарушување на меѓународната конкурентност на европските компаниите. Дополнително, дел од членките на ЕУ, ја довеле во прашање и „легалноста“ на ваквиот данок.

Од друга страна, дури 14 земји членки, меѓу кои и Австрија, Грција, Италија, Португалија, Романија и Шведска, се против предлогот за новите акцизи на тутунот, со кои државите би требало 15%о од своите приходи од оданочувањето на тутунските производи да ги пренасочат во буџетот на ЕУ.

За остварување на овој план ЕК предлага и измени на Директивата за оданочување на тутунот (ТЕДОР), кои доколку бидат одобрени од Советот на ЕУ и од Европскиот парламент, би стапиле во сила од 2028 година.

Според најавите, идеите за корпоративните даноци, акцизите на тутунот и другите новопредложени извори на буџетски приходи ќе се најдат на дневниот ред на состанокот на министрите за финансии на ЕУ закажан за 10 октомври, годинава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation