Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што почна синоќа, а за која студентите најавија дека ќе трае до 22 часот синоќа

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од седум часа трае блокадата во Белград на влезовите на зградата на државната радио-телевизија РТС што почна синоќа, а за која студентите најавија дека ќе трае до 22 часот синоќа. Вработените во Радио телевизија на Србија можат да си заминат, но ќе бидат спречени да влезат во зградата, најавија демонстрантите.

„На 10 март 2025 година студентите почнаа со блокада на зградата на РТС, што ќе трае до 22 часот. Придружете ни се. Влезот во зградата е строго забранет. На вработените им е дозволено да заминат. Никој не влегува во зградата додека РТС не се ослободи“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи. Тие ги повикаа граѓаните кои сакаат да им помогнат да го сторат тоа со донации.

Реакцијата на студентите беше предизвикана од гостувањето на Александар Вучиќ во вестите на Јавниот сервис, при што водителката ги нарече „орда“ (rulja) студентите и граѓаните кои најавија протест во Белград на 15 март.

Студентите најавија дека ќе го блокираат и влезот во студиото на РТС во Кошутњак, од каде, како што соопштија од јавниот сервис, ќе се емитува утринската програма.

Претседателот на Србија рече дека насилството ќе биде неизбежно в сабота, дека секој што ќе го изврши ќе биде уапсен, дека целиот собир е незаконски, дека ќе има обид за поткопување на уставниот поредок на Република Србија, за што ќе има закана со повеќегодишни затворски казни. Тој исто така рече дека ова е „крајот на обоената револуција“, дека државата повеќе нема да толерира.

Тој го најави и „најголемиот митинг во историјата на Србија“ за 28 март.

Пред влезот на зградата на РТС синоќа беше региостриран и судир кога кордон полиција со опрема за разбивање демонстрации турнала и удирала насобрани граѓани за да влезат во зградата. Потоа студентите поставија метални огради на влезната врата.

Третиот Дневник на РТС наместо во 23 часот почна во 23:15 часот, а трета по ред беше веста за студентите кои протестираа пред зградата на РТС на улицата Таковска и ги блокираа влезовите во зградата.

„Сметаме дека ова е обид да се блокира работата на институциите, против што инаку се залагаат студентите“, беше објавено во третиот Дневник на РТС.

- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека собирот пред Радио телевизија на Србија бил ненајавен, а задача на полицијата е да го одржува јавниот ред и мир и да интервенира доколку биде нарушен.

Дачиќ рече дека полицијата е во зградата на Таковска 10 (РТС) за да спречи доколку некој влезе насилно и дека ќе интервенира во тој случај.

Тој за телевизијата Информер изјави дека демонстрантите ја попречиле жандармеријата да влезе во зградата на РТС и дека бил нападнат припадник на полицијата. Српските медиуми јавија дека студенти како поддршка за колегите од Белград ги блокирале влезовите на Радио-телевизија Војводина и на РТ Крагуевац.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article