Пoвеќе од половина од парите биле за политичко рекламирање на сметка на државата

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За реализирање на изборната кампања за парламентарните избори лани партиите и коалициите вкупно собрале 386.710 илјади денари или 6,287 милиони евра колку што и потрошиле, покажуваат извештаите на Државниот завод за ревизија од извршената финансиска ревизија на сметките „за изборна кампања“ на сите учесници на Парламентарните избори во 2024 година.

Според извештајот повеќе од половина од парите потрошени за Парламентарните избори во 2024 година се за рекламирање на партиските активности 3,98 милиони евра кои се обезбедени од државниот буџет и исплатени преку Државната изборна комисија.

Според ревизорите, на одвоените партиските трансакциските сметки „за изборна кампања“, се прикажани вкупно 140.978 илјади денари, 963 илјади денари се собрани од донации, додека за политичко рекламирање од државниот буџетот се издвоени 244.769 илјади денари.

Бројките покажуваат дека најмногу пари партиите за ланските парламентарните избори или 63,3% од вкупните приходи добиле од Буџетот на државата, додека 26,7% се средства обезбедени од други извори на финансирање.

Најголемо учество во вкупните приходи има Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ (37%), по што следат Коалиција за „Европска иднина“ предводена од СДСМ (25%), Коалиција Европски фронт“ предводена од ДУИ (15%), Коалиција ВРЕДИ предводена од Алтернатива (13%), ПП Левица (4%), Коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ (2%) додека учеството на останатите учесници е под 1% – информира ДЗР.

Ревизорските извештаи покажуваат дека партиите ги потрошиле речиси сите собрани пари за парламентарните избори во 2024 година или потрошиле 386.710 илјади денари (6,287 милиони евра).

Од нивните посебни сметки „за изборна кампања“ потрошиле 717.000 денари помалку или потрошиле 140.261 илјада денари. Вишокот по изборите е вратен на редовните партиски сметки. Во расходите на партиите се прикажани вкупно 963.000 денари со основ непарични донации, додека 244.769 илјади денари се расходи за објавено партиско политичко рекламирање.

– Најголемо учество во вкупните расходи 63,3% имаат расходите за платено политички рекламирање или повеќе од 3,98 милиони евра. По нив следат расходите исплатени од трансакциските сметки за набавка на стоки и услуги или 36,3%.-наведуваат ревизорите.

Вкупно 140.261 илјада денари се потрошени за изборната кампања во која влегуваат парите потрошени за: набавка на материјали, други материјални расходи, комунални услуги, превозни-транспортни услуги, реклама и пропаганда, репрезентација, интелектуални услуги, сметководствени услуги, одржување на предизборни собири, изнајмување на простор за време на изборната кампања, провизии за платен промет и надоместоци за банкарски услуги и други расходи.

- Advertisement -
Ad image

Со извршената ревизија е утврдено дека ниту еден од учесниците нема реализирани расходи повеќе од законски утврдениот максимум.

Најмногу средства се потрошени во изборната кампања за Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ (72% од законски дозволениот максимум), по што следат Коалиција за „Европска иднина“ предводена од СДСМ (49%), Коалиција „Европски фронт“ предводена од ДУИ (29%), Коалиција ВРЕДИ предводена од Алтернатива (25%), ПП Левица (8%), Коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ (4%), додека останатите учесници имаат потрошено средства во износ од 1% или под 1% од законски утврдениот максимум.

Ревизорите забележуваат дека и по овие избори дел од партиите не ги почитувале роковите за затворање на трансакциските сметки „за изборна кампања“ и бришење од регистарот на правни лица. до државниот завод за ревизија дел од партиите не доставиле извештаите за остварените приходи и расходи на трансакциските сметки „за изборна кампања“.

- Advertisement -
Ad image

– За одржаните парламентарни избори 2024 година, учесниците во изборната кампања ПП Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Македонска Ера трета, до ДЗР немаат доставено вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, со што извршија ограничување во опфатот на ревизијата – се вели во соопштението.

ДЗР повторно укажува на потребата од доуредување на Изборниот законик пред сè во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија обезбедени од Буџетот на државата, како и крајниот рок за уплата на донации, како и за пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на државата, наменети за платено политичко рекламирање.

Ревизорите препорачуваат да се доуреди начинот на кој дарителите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица“ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии, за условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во Државната изборна комисија, како и за пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (интернет портали).

Се препорачува и да се определи надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми (интернет портали), да се воспостави интероперабилен систем/софтверско решение за размена и контрола на податоци за активност на банерите кој ќе има техничка можност за собирање на метрички и статистички податоци, да се предвиди глоби и за електронските медиуми (електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа и да се обезбеди едукација на учесниците во изборната кампања за начинот на подготовка на вкупниот финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања.

Share This Article