Повеќе од 50% се шефици во Министерството за одбрана, а 23% се офицерки

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бројот на припаднички во Армијата во континуитет се зголемува, над 50 проценти се жени на раководни позиции во Министерството за одбрана, а женски персонал учествува и во сите мировни мисии, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешното одбележување на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации – Жени, мир и безбедност.

– Особено сакам да го истакнам процентот на офицерки кој достигна околу 23 проценти, бројка која постојано расте и е најголема досега. Овде би сакал да додадам дека забележителен успех можеме да видиме во Министерството за одбрана, каде денес процентот на жени кои се на раководни позиции изнесува над 50 проценти. Мислам дека претседателката со овој податок ќе биде многу задоволна. Имаме сѐ поголем интерес на женската популација која станува дел од Армијата, а верувам дека и вие ќе се сложите дека тоа се должи и на оние припаднички кои во сите овие изминати години завршуваа како најуспешни меѓу питомците на Воената академија, но и на сите оние припаднички кои со гордост ја носат македонската униформа – посочи Мисајловски.

Тој нагласи дека за првпат во историјата на Армијата пополнета е позицијата – офицер за родова еднаквост во Кабинетот на началникот на Генералштабот, а има и овластено лице и негов заменик за заштита од вознемирување на работното место.

– Благодарение на спроведувањето на политиките и имплементацијата на сите овие активности денес може да се пофалиме дека Македонија во сите меѓународни мисии и операции, кои се изведуваат и од страна на Обединетите нации, Европската Унија и НАТО учествува и со машки и со женски персонал. Правичната родова застапеност и создавање еднакви услови за развој во кариера на жените и мажите е една од препознатливите политики и стратешки приоритети на Министерството за одбрана и во Армијата. Врвната професионалност и посветеност кон родовата рамноправност резултираа денес сите позиции да бидат отворени, односно достапни да бидат и за жените и за мажите. А во континуитет работиме и на зголемувањето на застапеноста на жените на раководни и командни позиции. Имплементацијата на активностите од Вториот национален акциски план е доказ за успешното работење. Истовремено тоа е препознаено и од Европската Унија, која ја посочи нашата земја како позитивен пример која ја промовира улогата на жените и младите во општеството – потенцира министерот за одбрана.

Во следниот период тој најави активно залагање за спроведување на политиките за родова еднаквост, подигнување на свеста за еднакви можности и унапредување на позициите на жените во Министерството и во Армијата.

– Покажавме со пример и со резултат дека знаеме и умееме и така ќе продолжиме и понатаму, да бидеме инспирација за сите останати институции – рече Мисајловски.

Share This Article