Повеќе од 5.000 луѓе во Јужна Кореја биле принудени да се засолнат во прифатни центри додека силните дождови ја погодуваа земјата трет ден по ред

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од 5.000 луѓе во Јужна Кореја биле принудени да се засолнат во прифатни центри додека силните дождови ја погодуваа земјата трет ден по ред, соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност на 18 јули, додавајќи дека досега најмалку 4 лица загинале, а се нанесени штети врз имот и врз инфраструктура, објави Стрејтс тајм.

Предупредувањата за обилни врнежи остануваат на сила за поголемиот дел од западните и од јужните региони на земјата, а метеоролошката служба повика на крајна претпазливост поради ризик од свлечишта и поплави сè до 19 јули.

Некои јужни делови, вклучително и градот Гвангџу, биле погодени со рекордни врнежи од над 400 милиметри во последните 24 часа до рано наутро на 18 јули, соопшти министерството.

Според нивните податоци, 4 лица загинале, а едно се води како исчезнато. Две лица останале заробени во автомобили на поплавени патишта, а едно лице загинало во подрум што бил под вода во провинцијата Јужен Чунгчонг.

Исто така, на 16 јули во градот Осан, околу 44 километри јужно од Сеул, едно лице загинало кога 10-метарски потпорен ѕид се урнал врз возило во движење, соопштија претставници од противпожарната служба.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе Мјунг, кој се залага за зајакнување на улогата на државата во спречување и во справување со катастрофи, изјави дека иако природните катастрофи тешко се спречуваат, може многу повеќе да се направи за да се предвиди штетата и да се предупреди јавноста.

– Гледаме дека имаше случаи каде што имаше жртви поради слаб одговор, иако ситуацијата можеше разумно да се предвиди – рече тој на итен состанок за временските услови одржан на 18 јули, повикувајќи на активирање на сите достапни ресурси.

Share This Article