Background

ПОВЕЌЕ ОД 4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛЖАТ ГРАЃАНИТЕ КАЈ БАНКИТЕ

Долгот на граѓаните кај банките во јануари порасна на 250,1 милиони денари или повеќе од 4 милијарди евра. Овој долг доминира и во вкупниот износ од 8,03 милијарди евра кој го имаат граѓаните и компаниите кон банките, покажуваат последните податоци на Народната банка.

Долгот на граѓаните кон банките расте секој месец, а во јануари годинава пораснал за 8,8% на годишно ниво или за 0,2%  на месечно ниво. Вкупните кредити, пак, бележат раст од 11,3% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора.

- Advertisement -
Ad image

Во јануари за прв пат кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,3%, но на годишна основа забележан е раст од  8,4%, додека станбените кредити се зголемени за 0,5% на месечна основа односно за 12,7% на годишно ниво. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен и годишен раст од 0,7% и 5,1%. Кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележан пад од 1,1% и 9,0% на месечно и на годишно ниво. Кај негативните салда на тековните сметки, овој месец е остварен месечен раст од 11,4%, при годишен пад од 4,6%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2% и 10,2% на месечна и на годишна основа.

Граѓаните, сепак чуваат многу повеќе пари во банките од нивниот долг. Податоците на Народна банка покажуваат дека депозитите на граѓаните во банките изнесуваат повеќе од 6,4 милијарди евра и бележат раст од 14,2% на годишно ниво.

Вкупните депозити (домаќинства, компании) во јануари на годишно ниво бележат зголемување од 11%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation