Повеќе од 200 затвореници побегнаа од затвор во пакистанскиот град Карачи по серија благи земјотреси, соопштија локалните власти.
– Затворениците, главно осудени за помали кривични дела, ги совладале чуварите и избегале од затворот Малир денеска, во раните утрински часови – изјави полицискиот службеник Кашиф Заман.
Околу 80 бегалци се повторно уапсени во близина на затворот по интервенција на полицијата и на другите безбедносни сили, според министерот за внатрешни работи на провинцијата Синд, Зиа Ланџар.
– Полициски тимови продолжуваат со операцијата за пронаоѓање на останатите бегалци – изјави шефот на полицијата во Синд, Гулам Наби Мемон, по посетата на затворот.