Background

Повеќе од 12 милиони луѓе се протерани од домовите, секој втор гладува

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Воено разурнатиот Судан, зафатен од најлошата бегалска криза во светот, повторно е на врвот на листата на земји кои се изложени на ризик од понатамошно влошување на хуманитарната ситуација во 2026 година, објави денеска Меѓународниот комитет за спасување (ИРЦ).

- Advertisement -
Ad image

Рангирањето на ИРЦ вклучува 20 земји кои се изложени на најголем ризик во 2026 година, а Судан е на прво место трета година по ред. На второ место се Појасот Газа и Западен Брег, а на трето – Јужен Судан.

Како што наведе ИРЦ, граѓанската војна во Судан, која избувна во април 2023 година не покажува знаци на смирување. Цели градови се под опсада поради што е невозможна достава на хуманитарна помош, а секое понатамошно ескалирање на борбите меѓу паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и суданската армија ризикува ширење на насилството во други делови од Судан.

Во извештајот на ИРЦ насловен „Ново светско безредие“ се истакнува дека милиони луѓе во Судан се жртви на насилство, глад и болести.

– Овогодишниот список е доказ за човечкото страдање, но и предупредување: без итна акција од оние кои имаат моќ да ги променат работите, 2026 година би можела да стане најопасната година досега – изјави претседателот на ИРЦ, Дејвид Милибанд.

Обединетите нации го опишуваат конфликтот во Судан како најголема хуманитарна криза во светот. Околу 12 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради борбите, а еден од двајца жители е изложен на ризик од неисхранетост.

Од април 2023 година во третата по големина африканска држава се водат борби за превласт помеѓу суданската армија и РСФ. Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.

РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но армијата не се согласи.

РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation