Background

ПОТРЕБНА Е РЕФОРМА НА ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во организација на Здружението на даватели на комунални услуги во Охрид се одржува настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“.

- Advertisement -
Ad image

Настанот ги обединува претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа и меѓународни експерти, со цел отворање на клучни прашања и предизвици во комуналниот сектор. Учествуваат и директорите на битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец и Нискоградба.

Во рамките на настанот има две панел-сесии. На првиот панел на тема „Кластеризација на секторот за водни услуги – придобивки и предизвици“ се дискутираше за можностите за реорганизација на водниот сектор, подобрување на инфраструктурата и координацијата на институциите.

Меѓу панелистите е и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска.

Градоначалникот Коњановски зборуваше за предизвиците со кои се соочија во минатото јавните претпријатија во Битола, а го спомена и примерот со меѓуопштинското претпријатие „Пелалинк“ кое опфаќа три општини, што беше поздравено од присутните како практичен пример на темата на која се дискутира.

– Општина Битола има осум јавни претпријатија, „Водовод“, „Комуналец“, „Нискоградба“, „Паркинзи“, „Пазари“, индустриската зона „Жабени“, јавно претпријатие за урбанистичко планирање и „Пелалинк“ јавно претпријатие за превоз на патници, кое е задничко со општините Могила и Новаци. Ако тргнеме од ова последното, можам да кажам дека позитивни се искуствата и токму тука се случи тоа окрупнување, односно создавање на едно претпријатие за повеќе општини – рече градоначалникот на Битола Коњановски.

Според него современото управување со комуналните услуги е пред историски предизвик.

Кластеризацијата се однесува на соработка помеѓу општините со цел да се подобри ефикасноста и одржливоста на водните услуги. Преку споделување инфраструктура, техничка експертиза и ресурси, комуналните претпријатија можат да функционираат на поефикасно ниво, при што се задржува локалната сопственост и одговорност.

Меѓуопштинската соработка може да вклучува физичка интеграција на системи и инфраструктура, заедничко управување со водните услуги на регионално ниво или споделување оперативни, финансиски и технички капацитети.

На втората панел-сесија на тема „Дефицит на млади кадри во комуналниот сектор и позицијата на младите“, фокусот е на предизвиците со недостиг на млади кадри, образованието и можностите за задржување на работната сила.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation