Background

Потребна е јавна дискусија за модерно гимназиско образование

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието информираат дека е изработена нацрт Концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикуваат сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со свои мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија.

Како што информираат од МОН, концепцијата за реформи во гимназиското образование е изготвена со цел да обезбеди современ, инклузивен и конкурентен образовен систем.

„Предложениот документ нуди модерни пристапи кои се насочени кон стекнување практични вештини, развивање критичко размислување, интеграција на дигитални технологии и усогласување со меѓународните образовни стандарди, како и поголем избор за учениците, со цел тие самите да можат да го моделираат својот образовен пат, според нивните интереси и идни цели. Мислењата и сугестиите на сите чинители на образовниот процес се од исклучителна важност за креирање гимназиско образование кое ќе ги подготви учениците за современите предизвици и ќе обезбеди меѓународно споредливи образовни резултати“, се наведува во соопштението од МОН.

- Advertisement -
Ad image

Гимназиското образование во Македонија, велат оттаму, повеќе од две децении не е предмет на суштински реформи, што го довело до состојба на недоволна усогласеност со современите потреби и меѓународните стандарди.

„Истражувањата покажуваат дека и наставниците и учениците ја препознаваат потребата од промени, особено во насока на модернизација на наставните програми, можност за избор на предметите, воведување современи методи на учење и оценување, како и унапредување на вештините релевантни за 21. век“, нагласуваат од МОН.

Концепцијата е достапна на официјалната веб страница на Бирото за развој на образованието. Коментарите може да се испратат на javnarasprava@bro.gov.mk  најдоцна до 31.1 2025 година.

„Убедени сме дека заедно можеме да создадеме модерно и квалитетно гимназиско образование во најдобар интерес на идните генерации“, порачаа од МОН.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation