Background

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс се издигнува како доминантен наследник на Доналд Трамп за изборите во 2028 година, покажува новата анкета на „Емерсон Колеџ“

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс се издигнува како доминантен наследник на Доналд Трамп за изборите во 2028 година, покажува новата анкета на „Емерсон Колеџ“. Истражувањето спроведено меѓу регистрирани републикански гласачи откри дека 54 отсто од нив би го поддржале Венс за претседателска номинација, што претставува зголемување од дури 30 поени во однос на ноември 2024 година, јави „Њузвик“.

Меѓутоа, 25 проценти од анкетираните сè уште не одлучиле кого ќе поддржат. Доналд Трамп добил седум отсто од гласовите, иако Уставот не му дозволува трет мандат. Сенаторот Марко Рубио има шест проценти, а гувернерот на Флорида, Рон Десантис, само два отсто. Преостанатите шест проценти би избрале некој друг кандидат.

Од другата страна на политичкиот спектар, ситуацијата кај демократите изгледа далеку понејасно.

- Advertisement -
Ad image

Анкетата покажува дека 35 отсто од нивните гласачи се неодлучни. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, води со 24 проценти, поранешната потпретседателка Камала Харис има 10 проценти, а поранешниот секретар за транспорт, Пит Бутиџиџ, девет отсто. Конгресменката Александрија Окасио-Кортез добила само два отсто поддршка, додека останатите 19 проценти би избрале друг кандидат.

Сепак, резултатите доаѓаат во момент кога демократите ја зацврстуваат својата позиција по убедливите победи на локалните избори во Њу Џерси, Вирџинија и Њујорк Сити. Победите им го подигнаа моралот на партиските редови една година по враќањето на Трамп во Белата куќа.

На општото конгресно гласање за 2026 година, 44 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за демократски кандидат, 40 отсто за републикански, а 16 отсто останале неодлучни. Според истражувањето, демократите во моментов се поентузијастични и повеќе мотивирани да излезат на среднорочните избори во споредба со републиканците.

Анкетата на „Емерсон Колеџ“ е спроведена меѓу 1.000 регистрирани гласачи на 3 и 4 ноември, со маргина на грешка од плус или минус три процентни поени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation