Потпишан Договор за инвестициски грант од 2, 4 милиони евра за проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Фатих Туркменоглу денеска го потпишаа Договорот за инвестициски грант од 2, 4 милиони евра за проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце.

Договорот е дел од инвестицискиот пакет од 7,6 милиони евра за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија.

Проектот предвидува изградба на нова заедничка зграда за потребите на Граничната полиција, Царина и инспекциски служби на Македонија и Србија, како и реновирање на постојните објекти во Табановце.

Исто така предвидена е изградба и на нова патна и комунална инфраструктура. Според планираната динамика, проектот треба да биде имплементиран за две години. Оваа година се очекува да се избере изведувачот и да почне изградбата на заедничката железничка станица со придружните објекти.

Претходно Европската банка за обнова и развој за овој проект одобри заем од пет милиони евра и грант од 250 илјади евра.

– Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија. На овој начин ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави зашто ќе имаме ONE STOP SHOP и во железничкиот дел, кога се патува со воз. Се надевам дека ова ќе биде вовед кон повторно воспоставување редовна патничка железничка линија помеѓу Скопје и Белград за што се потребни секако напори од двете страни. Се работи за проект во вредност од вкупно 7,4 милиони евра во градежниот дел и 250 000 евра во делот на консултантски услуги и надзор. Сметаме дека еден од главните економски крвотоци на државата е токму Коридорот 10 што почнува на јужните пристаништа, Пиреа кај Атина и на солунското пристаниште и продолжува до Централна Европа, до државите како Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка. Очекуваме да се забрза движењето на добра и стоки во двата правци и за увоз во Европа, но и за извоз од Европа. Ова ќе значи нови работни места, зголемена економска активност и секако побрз транзит на патници и стока низ нашата држава, што секако ќе ја направи уште поатрактивна – истакна вицепремиерот Николоски.

Според Туркменоглу, овој проект е јасен доказ за континуираната поддршка на ЕБОР за напорите на земјава да ја подобри својата инфраструктура долж железничкиот Коридор 10.

– Целта е да се оптимизираат процедурите за поминување на границата со едно застанување со што ќе се зголеми ефикасноста и ќе се намали времето на чекање. Воспоставувањето заеднички граничен премин е клучна инвестиција за поттикнување на регионалниот раст и за подигнување на свеста за придобивките кои произлегуваат од цврсти железнички врски во Западен Балкан – напомена Туркменоглу.

Евроамбасадорот Михалис Рокас кој присуствуваше на потпишувањето, потенцира дека границата може да биде пречка, но и премин и отворена можност и ресурс.

- Advertisement -
Ad image

– Целта на грантот е да се помогне да се искористи целосниот потенцијал на заедничкиот ганичен премин за полесно и поефикасно минување на луѓе и стоки. Ова ќе биде придобивка за цела Европа. Имајќи предвид дека двете земји покажаа политичка волја и желба за регионална интеграција и поврзување во рамки на ЕУ, Европската комисија го почна овој проект во 2014 година со вопоставување на платформата за поврзување, а денеска обезбедивме целосно финансирање. Сега Македонија ќе оствари придобивка од подобри капацитети преку создавање единствена железница и единствен граничен премин. На овој начин се обезбедува директна поддршка за напорите на земјата за унапреудвање на Коридорот 10, што ќе ги подобри и трговските врски. Во пракса ова ќе осигури намалување на времето за поминување и тоа ќе биде попривлечно и побезбедно. Сè додека Македонија не стане членка на ЕУ, ние сме посветени да помогнеме границата да ја претвориме во можност за развој и за побрз премин кон единстевниот пазар на ЕУ – рече Рокас.

Со Србија се склучени протоколи меѓу граничните полиции, царинските управи, железничките компании за инфраструктура и транспорт, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство.

Share This Article