Со цел да разубави просторот на охридскиот плоштад, во пресрет на Велигденските празници, денеска на тревната површина пред споменикот „Свети Климент Охридски“ беа поставени велигденски реквизити.
Во ова привлечно катче за најмладите поставени се зајчиња, велигденско јајце, столчиња како и други шарени реквизити со велигденски мотиви и пораки.
Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта на оваа активност е да се создаде празнична атмосфера во центарот на Охрид која е погодна за забава и фотографирање.