Постар господин од Скопје, кој бил на одмор со сопругата во Олимпик Бич, денес речиси ќе се удавел во морето. Млад човек од Србија, кој во тој момент бил на плажа, скокнал во водата и го извлекол несреќниот човек на брегот.
Имено, оваа информација е објавена на Фејсбук страницата „Грчка инфо“.
– Двојката влегла во водата држејќи се за раце. Сопругата знаела да плива, додека сопругот не знаел да плива. Тие се оддалечиле околу 50 метри од брегот, каде што водата им била до половината, кога се слушнал крик и повик за помош. Девојката која била во нивна близина почнала да повикува помош. Во тој момент, еден млад човек од Србија, кој бил на плажа, скокнал од својата лежалка и без размислување се стрчал кон водата да помогне. Успеал да го извлече човекот од водата и да го изнесе на брегот – се наведува во објава на оваа страница.
За среќа, меѓу присутните на плажата имало и девојка, докторка по професија, која веднаш започнала со реанимација.
– По некое време, човекот почнал да покажува знаци на живот – ги помрднувал рацете и нозете. Набрзо пристигнала брза помош и го пренела во болница, а благодарение на брзата реакција на присутните и навремената помош, човекот бил спасен –
Итното укажување прва помош од страна на спасувачите се покажа како одлучувачко во спречувањето на најлошото. Постариот маж, откако му била укажана прва помош, бил однесен во општата болница во Катерини за понатамошни прегледи и превентивни причини, пренесува odelalis.gr.