Португалецот потпишува нов договор со Ал Наср, планира да даде 1.000 голови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кристијано Роналдо останува во Саудиска Арабија. Како што објави добро информираниот новинар Фабрицио Романо, португалската фудбалска ѕвезда е на чекор од потпишување нов договор со клубот Ал Наср, со што би ја продолжил својата неверојатна кариера до 43-годишна возраст.

Роналдо, кој во моментов има 40 години, се очекува наскоро да стави потпис на едногодишно или двегодишно продолжување на договорот, во зависност од неговата желба. Доколку се одлучи за варијантата од две години, тоа значи дека тој ќе игра професионален фудбал и на 43 години, нешто што ретко кој врвен спортист може да го издржи.

Португалецот стана член на Ал Наср во јануари 2023 година, и оттогаш настапи на 105 натпревари, постигнувајќи дури 93 голови. Само во последната сезона забележа 35 гола на 41 натпревар, плус четири асистенции, статистика со која сè уште ја потврдува својата светска класа.

Моментално, Роналдо има 938 постигнати голови во целата кариера, а неговата главна мотивација останува јасна: да стигне до 1.000 голови, цел што никој друг професионален фудбалер досега ја нема достигнато.

За репрезентацијата на Португалија има одиграно 221 натпревар и постигнато 138 гола, а неодамна се закити со својот трет трофеј во националниот дрес, победувајќи во финалето на Лигата на нации.

Share This Article