Редок портрет на индискиот лидер за независност, Махатма Ганди, е продаден на аукција во Лондон за повеќе од 200.000 долари, јавува Би-Би-Си.
Портретот е насликан од британската уметница Клер Лејтон во 1931 година, кога Ганди го посетил Лондон за да присуствува на втората Конференција на тркалезна маса за уставните реформи за Индија и нејзините барања за самоуправа.
Според „Бонхамс“, Лејтон била меѓу ретките уметници кои имале можност да седат со Ганди и да го сликаат, бидејќи таа била примена во неговата канцеларија и го скицирала неколку пати.
Уметничкото дело било во личната колекција на Лејтон до нејзината смрт во 1989 година. Аукциската куќа не открила кој ја купил сликата, ниту дали ќе биде јавно изложена.