Времето ќе се задржи променливо облачно. Преку ден со повеќе сонце, но попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/ч).
Минималните утрински температури ќе се движат од 0 степени во Берово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 14 во Маврово и 23 Целзиусови степени во Гевгелија и во Скопје.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 23 степени.
В среда ќе имаме променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 17 степени до 23 степени.
Променливо облачно нѐ очекува и во четврток кога ќе има појава на локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од 5 степени до 11 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 18 степени до 24 степени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖