Поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте е уапсен по меѓународна потерница издадена од Меѓународниот кривичен суд, јави ДПА.
Наредбата е издадена поради наводните злосторства против човештвото извршени за време на акции по заповед на Дутерте против шверцерите на дрога, објави Филипинското претседателство.
Утринава канцеларијата на Интерпол во Манила добила копија од налогот за апсење издаден од МКС и Дутерте бил уапсен додека излегувал од авион во главниот град.
Поранешниот адвокат на Дутерте, Салвадор Панело, изјави дека апсењето на поранешниот претседател е незаконско.
Панело додаде дека МКС нема јурисдикција на Филипините, но судот тврди дека случајот Дутерте се однесува на наводни злосторства извршени пред земјата да се повлече како членка на МКС.
Дутерте беше претседател на Филипините од 2016 до 2022 година. Во тој период тој водеше војна против шверцерите на дрога, при што беа убиени илјадници осомничени во полициските операции без да се докаже дека се поврзани со трговија со дрога. Оваа кампања предизвика контроверзии. Но, Дутерте во минатото изјави дека е подготвен да оди во затвор поради тоа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖