Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, во својот поткаст говореше за чувствителен период од животот како родител – физичкото казнување на ќерките. Притоа, вели, со текот на времето – кога сфатила „какво е чувството“, т.е. како боли тоа – го променила пристапот. И, иако веќе не се согласува со потплеснувањето, сепак нагласи дека поставување јасни граници е важно во воспитувањето.
– Се почувствував глупаво. Потребни беа неколку потплеснувања по задникот за да сфатам дека не сакам веќе да го правам тоа. Си помислив: Ова е мало дете – објасни Обама.
Мишел – која има две ќерки со поранешниот претседател Барак Обама, 26-годишната Малија и 23-годишната Саша – сепак, жали за „времињата кога имало построги и појасни правила“ во воспитувањето. Таа нагласи дека не ги осудува другите родители, туку едноставно го споделува сопственото искуство и како нејзиниот пристап се менувал низ годините.
– Сепак, не го споделувам целосно пристапот на тн. „модерно родителство“. Би сакала да вратиме некои од вредностите што ги имавме тогаш – додаде таа.
Позната по својата посветеност и искреност околу мајчинството, Мишел призна и колку е тешко да се најде рамнотежа во воспитувањето деца денес.
– Родителите денес премногу се плашат да постават граница. И мислам дека тоа е еден од предизвиците со коишто се соочуваме во денешнината… Никој не е совршен. Целта е да ги научите, промените и да им го дадете најдоброто што можете на вашите деца – заклучи Обама.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
