Background

Поранешениот помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц,  Ванс Лутер Боелтер се бара во врска со атентатот врз државен претставник и напад врз сенатор, соопштија полициски извори

Поранешениот помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц,  Ванс Лутер Боелтер се бара во врска со атентатот врз државен претставник и напад врз сенатор, соопштија полициски извори.

Боелтер наводно се претставувал како полицаец кога пукал во сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга во нивниот дом во Чамплин рано денеска, тешко ранувајќи ги пред да се упати кон домот на поранешната претседателка на Претставничкиот дом, демократката Мелиса Хортман – каде што наводно ја убил неа и нејзиниот сопруг, изјавија извори за „Пост“.

57-годишниот Боелтер бил назначен од Волц во 2019 година на четиригодишен мандат во Одборот за развој на работната сила на гувернерот, покажуваат документите.

- Advertisement -
Ad image

 

Претходно, во 2016 година, тој бил член на Советот на гувернерот за развој на работната сила под тогашниот гувернер на Минесота, Марк Дејтон.

Во неговиот автомобил, тие пронашле список на други политичари што имал намера да ги убие.
Убиецот имал летоци во својот автомобил на кои пишувало „Не на кралевите“, што се однесува на планираните протести против администрацијата на Трамп во саботата, како и „манифест“ и список на имиња на други политичари, соопшти полицијата, која накратко го опколила вооружениот човек во домот на Хортман пред осомничениот да избега.

Осомничениот бил облечен како униформиран полицаец и управувал возило кое „изгледало точно како полициски теренец“. Бело опремено со светла, светла за итни случаи и изгледало точно како полициско возило“, изјави началникот на полицијата Марк Брули.

На прес-конференција, гувернерот Тим ​​Валц ја нарече смртта на Хортман и нејзиниот сопруг „политички атентат“.

Медиумите објавија дел од официјалната биографија на одомничениот  Венс Боелтер.

Тој  е извршен директор на групацијата „Ред Лајон“, со седиште во Демократска Република Конго. Тој е исто така извршен директор на „Преторијанска гарда секјурити сервисис“, со седиште во Минесота. Работел со полно работно време за некои од најголемите компании во неговата индустрија, како што се „Нестле“, „Дел Монте“, „Тесоро“, „Маратон Спидвеј“ и „7-Елевен“. Работел во одделенијата за операции, технички услуги, контрола на квалитет и континуирано подобрување.Боелтер има искуство во Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Моментално живее во Минесота со сопругата Џени и нивните деца.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation