Поради зголемени трошоци за набавка на гас, ЕСМ Дистрибуција бара да се зголеми цената на парното

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поради зголемени трошоци за набавка на гас, ЕСМ Дистрибуција бара да се зголеми цената на парното, потврди Регулаторната комисија за енергетика.

– Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година, поради зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,9%, но во барањето не е утврден процентот кој се бара. Регулаторната комисија ќе го разгледа барањето на компанијата  – велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Кога регулаторите ќе се расправаат по барањето засега не се знае точно.

Од компанијата, пак, информираа дека барањето е поднесено поради зголемени трошоци за набавка на гас.

„Компаниите кои се формирани од АД ЕСМ и кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија имаат законска обврска да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно тоа, компаниите поднесоа барања до Регулаторната комисија за енергетика за корекција на регулираниот максимален приход и цена за тековната година бидејќи е настаната значителна промена на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија, односно зголемена е цената на природен гас во тек на грејната сезона“, наведуваат од ЕСМ.

На скопскиот систем на парно се вклучени повеќе од 60.000 домаќинства. Најмногу 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, околу 2.000 на железарското парно и 400 домаќинства на Топлификација Север.

Share This Article