Универзитетската болница во Грац соопшти дека едно возрасно лице им подлегнало на повредните здобиени во масакрот во училиштето БОРГ, со што бројот на жртвите се искачи на 11.
Во училиштето БОРГ во Грац, утрово се случи масовно пукање, при што загинаа девет лица, а напаѓачот се самоуби. Во масакрот повредени се најмалку 28 лица, меѓу кои ученици и наставници.
Повеќекратното убиство се случи денеска во Грац кога напаѓачот (21) влегол во училиштето и пукал во учениците и наставниците. Родителите го поминале целото утро во неизвесност за безбедноста и животите на своите деца.
Во интервју за PULS 24, татко раскажал дека додека убиецот пукал низ училницата, неговиот син се преправал дека е мртов за да преживее.
Поради масакрот во Австрија е прогласена тридневна национална жалост.