Популарниот српски актер Милош Биковиќ, кој освен во Србија кариерата успешно ја гради и во Русија, неодамна заработи повреда на снимање на филм, поради што беше опериран.
Биковиќ го повреди коленото за време на снимањето на филм во Русија, па дури имаше две операции.
– Биковиќ го повреди коленото. Повредата беше комплексна, сѐ се случи на крајот на декември. Имаше две тешки операции, едната се случи веднаш по повредата, другата пред две недели – истакна неодамна за српски Блиц, извор близок на актерот.
Неговата состојба сега е подобра, па актерот се појави на премиерата на филмот „Црвена свила“, која се одржа синоќа во Русија.
Повредата не го спречи да се дотера, па носеше елегантен, темен костум во комбинација со црвен шал околу вратот, во духот на филмот.
Милош излезе на сцената со бастун, одењето му беше отежнато, но остана професионален и се појави на премиерата, обраќајќи и се на публиката.
Сето ова го снимила млада новинарка, дописничка на ТВ РЕН, која на Инстаграм се претставува како Кејт Пожарскаја, која работи и во агенција за поддршка и промоција на настани.
Таа објави видео од премиерата на кое, меѓудругото, го има Биковиќ со помагалото.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
