Популарниот австралиски музичар, композитор, писател и сценарист Ник Кејв ќе настапи во Скопје на 22 август годинава.
Датумите на неговата соло турнеја беа распределени уште во јануари и опфатија 13 самостојни настапи низ Европа помеѓу јуни и август. Но, поради големата побарувачка, тој додаде повеќе дестинации на својата маршрутата. Така, резервирани се седум нови претстави, кои ќе се одржат низ Италија, Франција, Македонија, Германија и Луксембург во втората половина на годината.
Датумот определен за Скопје е 22 август.
Ник Кејв (Nick Cave) својата музичка кариера ја започнува во доцните 1970-ти, со пост-панк бендот The Birthday Party, познат по суровиот и експресивен звук. По распадот на бендот, Кејв го формира Nick Cave and the Bad Seeds, група со која ќе го изгради својот препознатлив стил – мрачна, поетична и често драматична музика, што се движи меѓу рок, блуз и готик.
Ник Кејв е познат по неговите интензивни настапи, длабоки текстови и уникатен баритон глас. Темите што ги обработува се често мрачни – љубов, смрт, религија, вина и искупување – но и исклучително емотивни и хуманистички. Освен музиката, Кејв е активен и како писател и композитор на филмска музика, особено во соработка со Ворен Елис.
Меѓу најпознатите песни на Nick Cave and the Bad Seeds се „The Mercy Seat“, „Red Right Hand“ (позната и поради серијата Peaky Blinders), „Into My Arms“, како и дуетот со Кајли Миног „Where the Wild Roses Grow“.
Со децении влијае на генерации музичари и фанови низ светот, а неговото дело се смета за едно од најзначајните во алтернативната и арт-рок сцена.
Еве една од неговите најпопуларни нумери: