Попладне со врнежи, грмежи и силен ветер, вечерта доаѓаат електричните празнења

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нестабилно време нѐ очекува попладне и особено кон крајот на денот. По претпладнево со сонце и умерена облачност, како и слаб до умерен југоисточен ветер, попладневните часови ќе донесат промени. Се очекува променливо облачно време проследено со локални врнежи од дожд, а на места ќе има и појава на грмежи.

УХМР предупредува дека процесите ќе бидат поинтензивни во доцните вечерни часови и во текот на ноќта, кога на одредени локации ќе има услови за невреме со пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 во Маврово до 13 во Скопје, а максималните дневни од 13 во Маврово и 24 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје времето наутро ќе биде стабилно, со сонце и слаб до умерен јужен ветер. Но, и главниот град нема да биде поштеден од нестабилноста. Кон крајот на денот и особено во ноќните часови, ќе има повремен дожд и грмежи, а делови од скопската котлина се изложени на ризик од појава на краткотрајно но интензивно невреме. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

Во сабота не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност, што создава идеални услови за прошетки, активности на отворено и патувања.

„Стабилна атмосфера со многу сонце и само повремена облачност е карактеристична за саботата, без најави за врнежи,“ информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој ќе го освежува воздухот и ќе придонесе за пријатно чувство и покрај благото зголемување на температурите.

Според прогнозата, минималните утрински температури ќе се движат од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат од 18°C до 23°C.

В недела ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност, што го прави денот совршен за престој во природа и дружење на отворено.

- Advertisement -
Ad image

„Ќе имаме стабилно и потопло време во недела, со температури кои на места ќе достигнат до 25°C,“ информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој ќе придонесе за пријатна топлина во текот на денот, особено во рамничарските и јужните делови на земјава.

Според прогнозата, утринските температури ќе се движат од 4°C до 10°C, додека дневните ќе достигнат вредности меѓу 20°C и 26°C.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article