Background

Поп-ѕвездата Кети Пери го прослави 41-от роденден зад сцената во текот на нејзината тековна турнеја „Лајфтајмс“

Поп-ѕвездата Кети Пери го прослави 41-от роденден зад сцената во текот на нејзината тековна турнеја „Лајфтајмс“. Сè уште облечена во костум од шоуто, Пери беше снимена опкружена со членовите на нејзината екипа додека ги дуваше свеќичките на големата торта.

Потоа ја зеде тортата и се обиде да ја фрли кон маж облечен во костум кој носеше слушалки, но промаши, и таа заврши на подот. Нејзините танчари сепак ја дегустираа, но директно од подот, пренесува „Пејџ сикс“.

За Кети ова беше забавно, па почна да се смее, со што предизвика бура од реакции на интернет.

- Advertisement -
Ad image

Една корисничка на „Икс“, која тврди дека нејзината мајка била таа што ја направила тортата, го објави видеото со коментар.

– Мајка ми беше воодушевена што имаше можност да направи торта за Кети Пери. Вложи многу труд, и искрено сум збунета и разочарана што Кети се однесуваше вака – напиша таа.

– Ме интересира каков менталитет е тоа – да се фрли целата торта што некој можеше да ја изеде… И да се остави нередот некој друг да го исчисти – напиша друг корисник.

Иако повеќето коментари беа негативни, имаше и некои кои ја бранеа велејќи дека некои познати личности намерно ги „уништуваат“ тортите донирани од обожаватели од безбедносни причини.

– Понекогаш ѕвездите го прават ова за да избегнат евентуално труење. Само што повеќето го претставуваат како случајност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation